сабота, 27 јули 2024

Министерството за одбрана на САД соопшти дека ќе бидат потребни два месеци за да се изгради пристаниште во Газа

Имплементацијата на планот на американскиот претседател Џо Бајден за изградба на вештачко воено пристаниште за да се забрза испораката на помош за Газа може да потрае до 60 дена и да вклучи повеќе од 1.000 американски војници, соопшти денеска Пентагон.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Пентагон ја понуди временската рамка еден ден откако Бајден ја објави иницијативата во своето обраќање за состојбата на нацијата, бидејќи се обидува да го намали гневот во Демократската партија поради неговата цврста поддршка за офанзивата на Израел во Газа.

ОН предупредија дека гладување во Појасот Газа, дом на 2,3 милиони луѓе, е „речиси неизбежено“ без итни мерки. Тој исто така додаде дека штом ќе се прогласи глад, предоцна е да се помогне на голем број луѓе.

„Децата во Газа едвај чекаат да јадат. Тие веќе умираат од неисхранетост, спасувањето на нивните животи е прашање на часови или денови, а не недели“, изјави Џејсон Ли од организацијата „Спасете ги децата“.

Некои американски законодавци и хуманитарни организации рекоа дека системот на вештачки пристаништа маскира поголем проблем: неуспехот да се натера израелската влада да дозволи повеќе помош да влезе во Газа по копно, што е побрза и поефикасна опција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ