сабота, 27 јули 2024

Министерството за култура се откажа од Илинденскиот марш, остана помошта од Општина Аеродром

Објавено на

часот

Сподели

На подготовките на коњаницата присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој напомена дека општината и во иднина ќе дава поддршка на вакви настани и иницијативи кои имаат големо значење за македонската култура и традиција.
„На мое задоволство, вчера присуствував на подготвителните активности на Илинденската коњаница, која по 45-ти пат тргнува од Горно Лисиче кон Крушево. На учесниците им посакав среќен и мирен пат, бидејќи тие се хероите на новото време во кое живееме, личности кои со својата храброст секоја година на автентичен начин ја пренесува пораката за издржливоста и упорноста на борците за слободна, независна и самостојна Македонија“, напиша Муцунски на својот фејсбук-профил.

д
Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин, напиша Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ