Средствата доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десетгодишни рати со годишна камата од 2%.
Република Северна Македонија може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното достасување според условите, начинот и постапката што ги утврдува Владата на Република Северна Македонија.
Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките членки на Македонската берза.
Пред рокот на нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.