среда, 29 мај 2024

Министерството за здравство на Хамас: Речиси 35.000 Палестинци убиени во израелската офанзива на Појасот Газа

Најмалку 34.943 Палестинци се убиени, а 78.572 се ранети во израелската офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година, соопшти денеска Министерството за здравство на Хамас, кое владее со малата енклава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелските медиуми јавуваат дека билансот на загинатите не може да се потврди независно и дека во конфликтот се убиени најмалку 15.000 вооружени членови на Хамас.

Израел тврди дека околу 1.000 палестински екстремисти биле убиени во таа земја кога ја преминале границата од Газа.

Министерството за здравство на палестинската територија повеќе пати соопшти дека повеќето од загинатите се жени и деца, но не направи разлика меѓу вооружени лица и цивили.

Од почетокот на војната во копнената офанзива во Газа се убиени 271 израелски војник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ