Од Министерството информираат дека Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор на Филхармонија согласно Законот за општа и управна постапка (ЗОУП) до учесниците во конкурсот доставила барање за дополнително појаснување во однос на доставената документација, што било пракса и во минатите постапки за избор на директор на Филхармонијата.
„Министерството ги отфрла тврдењата искажани на денешниот протест. Апелираме до вработените и до целокупната јавност да имаат доверба во институционалниот процес кој се спроведува исклучиво согласно со законот“, посочуваат во соопштението.
Вработените во Македонската филхармонија денеска одржаа протест пред Министерството за култура и туризам, затоа што се сомневаат на потенцијална департизација во однос на изборот на директор на оваа институција.
Протестот на вработените во Македонска филхармонија доаѓа откако претходно вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити во интервју за 24 Вести посочи дека при поделбата на раководните функции во институциите, Вреди ја добил Филхармонија и дека директор ќе биде професорот во средното музичко училиште Илија Николовски Луј, Мустафа Имери.