сабота, 22 март 2025

Министерството за информации на Србија побара од српските медиуми да ги отстранат фотографиите и видеата од погребот во Кочани

Српското Министерство за информации и телекомуникации денеска издаде јавно предупредување и побара од српските медиуми да ги отстранат фотографиите и снимките што „го нарушуваат достоинството на жртвите и нивните семејства“ од погребот на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави дописникот на МИА од Белград.

Објавено на

часот

Сподели

„Со таквото дејствување, бројни медиуми го нарушија достоинството на жртвите, предизвикаа вознемиреност кај нивните роднини и целата јавност, но и демонстрираа недостиг на свест за потребата од почитување на елементарните професионални стандарди“, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството апелираше до медиумите да се придржуваат до законските одредби, професионалните и етичките стандарди при известувањето за прашања од јавен интерес. Тие укажаа на потребата од „зголемено новинарско внимание“ во случаите што вклучуваат теми што можат дополнително да ја вознемират јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ