„Вработените од ИТ секторот во координација со новиот советник за ИТ технологии успешно го вратија во функција порталот Отворени финансии и ќе продолжат да работат на негово подобрување. Податоците ќе продолжат да се ажурираат согласно утврдената динамика на нивно објавување. Корисниците преку овој портал можат да пребаруваат информации за реализација на Буџетот одделно по институции и извршени трансакции. Порталот претставува алатка за унапредување на транспарентноста и ѝ дава на јавноста увид во трошењета на парите на граѓаните од страна на буџетските корисници“, соопшти Министерството за финансии.