четврток, 19 септември 2024

Министерот за здравство не очекува жалби на изборот на фирмата за компресорската станица

По објавата дека е избрана фирма која ќе ја прави новата компресорска станица, првиот човек на македонското здравство Арбен Таравари, на новинарско прашање одговори дека очекува целиот зафат да биде готов за четири месеци.

Објавено на

часот

Сподели

„Фирмата е сериозна компанија и професионална за оваа работа. Според нив за околу четири месеци, целиот зафат ќе биде завршен“, рече министерот Таравари.

Околу постапката за потпишување на договорот и периодот на жалба тој посочи дека договорот е потпишан и се процесот се спроведувал по брза постапка.

„Не знам дали би се жалел некој што не се пријавил на три повици. И ако се жалат, мислам дека тоа не е добронамерно“, рече Таравари.

Околу изборот на лице-менаџер кое би раководело по спојувањето на универзитетските клиники и можноста тоа да биде Игор Николов на новинарско прашање дали е добар избор и колку советници ќе има, министерот појасни дека тој не го споменал како избор и дека било рано за назначување на директор.

„Јас не го кажав, ме прашаа дали може да биде еден од кандидатите, но може да има и други кандидати. Ние сè уште сме во процес на реорганизација, тоа ни е поважно, отколку тоа кој ќе биде директор. Кога ќе дојде време за директор, тогаш ќе зборуваме за тоа“, истакна Таравари.

По прозивките околу надлежноста за поправка на оградата и потпрониот ѕид, Таравари нагласи дека во тек процедура за утврдување на надлежноста, но искажа подготвеност да се санира и изгради нов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ