сабота, 27 јули 2024

Министерот за полиција на Федерација БиХ: Ако добиеме налог, ќе го уапсиме Додик

Министерот за внатрешни работи на Федерацијата БиХ Рамо Исак изјави дека полицијата на тој ентитет на Босна и Херцеговина е спремна и во состојба да го уапси претседателот на Република Српска Милорад Додик доколку добие таков налог од суд или обвинителството на БиХ.

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку добиеме таков налог, ќе го решиме тоа за неколку часа“, кажа Исак за Н1 телевизија.

Додик го чека судење пред судот на БиХ за обвинение кое го терети за неспроведување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ, а доколку биде осуден, може да добие казна затвор од шест месеци до пет години со автоматска смена од позицијата претседател на РС.

Пред судскиот процес зачестија нагаѓањата дали некој воопшто може да го уапси Додик и да го одведе на отслужување на казната, а министерот за полиција тврди дека за министерството за внатрешни работи на другиот босански ентитет тоа не би било проблем.

Изјави дека полицијата ќе реагира против сите оние кои би се обиделе да ја загрозат безбедноста на БиХ. „Сите ќе ги уапсиме и затвориме“, кажа Исак. Тој ова го кажа еден откако претседателот на владата на РС Радован Вишковиќ кажа дека, доколку РС се одлучи за излегување од БиХ, ќе земе барем половина од нејзината територија.

„Нашата порака е – ако заминеме од БиХ, ќе однесеме минимално 50 отсто од територијата, можеби и повеќе“, кажа Вишковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ