сабота, 27 јули 2024

Министерот за одбрана на БиХ: За петнаесет дена почнуваме да произведуваме самоубиствени дронови, ќе ги извезуваме

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина и потпретседател на СДП, Зукан Хелез, во интервју за Мрежата на федералната телевизија го коментираше вооружувањето на Босна и Херцеговина.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Некои наши соседни земји вршат блокада на вооружувањето на Вооружените сили на БиХ, и преку Советот на министри. Сепак, имаме наменска индустрија која е најдобра од сите во регионот. Она што го изјави Александар Вучиќ дека има дронови што тие ќе ги произведуваат, 5000 самоубиствени дронови, ние ќе почнеме да ги произведуваме за 15 дена. Нашата наменска индустрија е оспособена до тој степен што може да конкурира на секоја наменска индустрија и тоа е она што е добро за Босна и Херцеговина. Ќе ги извезуваме тие дронови, скапи се на пазарот. Ова е гордоста на нашата наменска индустрија“, тврди Хелез.

Со оглед на војните што ги водеше Србија, вели Хелез, најдобро би било некој меѓународен договор за демилитаризација на таа земја – Балканот би бил мирен.

„Она што тие тврдат дека го имаат сега, апсолутно не е точно. Ја доведуваат во заблуда нивната јавност. Од сите земји на Баканот, тие имаат најмногу старо руско оружје. Ние речиси го искоренивме. Се свртуваме кон НАТО стандардите. Нема да кажам дека е занемарливо, навистина следиме и сме во тек. Од 1992 година, БиХ никогаш не била постабилна во однос на безбедноста. Имаме свои сојузници и свои ресурси. Имаме одговори на сите влијанија“, истакна Хелез.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ