сабота, 27 јули 2024

Министерот за финансии и гувернерката во Тиват имаа состанок за проектите дел од Стратегијата со Светска банка

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека инфраструктурни проекти, изградба на локални патишта, модернизација на образованието, дигитализацијата се само дел од областите на кои е фокусирана Стратегијата. Значајна поддршка е посветена и на енергетскиот сектор, особено преку подобрување на енергетската ефикасност, поле кое и во индина ќе биде меѓу приоритетите, со цел да се надминат предизвиците кои ги донесе енергетската криза, како и влијанието на климатските промени.

Меѓу идентификуваните области на коишто би се засновала идната соработка се обезбедување одржлив развој на општините, подобрување на квалитетот на воздухот, дигитален развој и енергетска транзиција.

На средбата било потврдено дека политиките што ги спроведува Владата обезбедуваат одржливост на среден рок.

Средбата била одржана на маргините на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ што се одржува во Тиват, Црна Гора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ