Во соопштението се наведува дека инфраструктурни проекти, изградба на локални патишта, модернизација на образованието, дигитализацијата се само дел од областите на кои е фокусирана Стратегијата. Значајна поддршка е посветена и на енергетскиот сектор, особено преку подобрување на енергетската ефикасност, поле кое и во индина ќе биде меѓу приоритетите, со цел да се надминат предизвиците кои ги донесе енергетската криза, како и влијанието на климатските промени.
Меѓу идентификуваните области на коишто би се засновала идната соработка се обезбедување одржлив развој на општините, подобрување на квалитетот на воздухот, дигитален развој и енергетска транзиција.
На средбата било потврдено дека политиките што ги спроведува Владата обезбедуваат одржливост на среден рок.
Средбата била одржана на маргините на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ што се одржува во Тиват, Црна Гора.