сабота, 27 јули 2024

Министерот Тошковски го осуди терористичкиот напад во Русија

Во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи најостро го осудувам вчерашниот терористички напад врз невините посетители во концертната сала Крокус сити хол во Красногорск, Русија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата и најблиските на жртвите погодени од овој грозоморен чин, а на повредените им посакувам најбрзо закрепнување, објави вечерва техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

Објавено на

часот

Сподели

„Ваквите ужасни акти на насилство извршени врз невини цивили налагаат најостра осуда од сите чинители посветени на мирот и безбедноста и се сериозен потсетник за заканата што ја носи тероризмот за нашите општества и потребата за одлучна борба против сите негови форми“, вели Тошковски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ