четврток, 16 јануари 2025

Mинистерот Шаќири уште бара рецезенти, но никој не се пријавува за учебниците по Историја и општество

Објавено на

часот

Сподели

„Според информациите што ги добивам од Педагошката служба, учебниците, односно ракописите се добри и квалитетни и очекуваме рецензии“, рече Шаќири и ги повика професорите кои имаат забелешки за учебниците или за спојувањето на предметите да се вклучат во изработката на рецензијата на тие учебници.

Министерот, за време на денешната посета на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, нагласи дека по добивањето на рецензиите се надева дека во рок од 30 дена ќе заврши целата постапка и изработените учебници ќе бидат кај учениците.

 „Ме радува и фактот дека кога дискутираме за одредени учебници, професорите кои имаат забелешки имаа подготвителни материјали кои веќе се објавени. Тие што имаат дискусија за програмата на тие предмети нека прават споредба на подготвителните материјали за темите кои се учат во тој предмет, за да се вклучат во процесот, а исто така учениците моментално имаат подготвителни материјали кои се подготвени од страната на Бирото за развој и се според учебната програма“, истакна тој.

На новинарското прашање кои се причините што не се пријавуваат рецензии министерот одговори дека едната причина се забелешките за содржинскиот ден на избраниот учебник за петто одделение, како и забелешката за спојувањето на двата предмети, Историја и Општество, во еден, Историја и општество.

 „Сега имаме ракопис за тој учебник и мислам дека од една фаза не треба да има причина заради тоа што претходно имаше пријавени рецензии и сега треба истото да биде“, истакна министерот и ги повика професорите да се вклучат како рецензенти и јавно да ги кажат забелешките на тие теми.

Инаку, спојувањето на историја, географија, етика, историја и граѓанско образование наречено како Историја и општество, ги револтираше наставниците затоа што не е јасно дефинирано кој наставник колку часови ќе има за овие предмети, а од друга страна дел од стручната јавност реагираше поради содржините предвидени за учење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ