петок, 25 октомври 2024

Министерот Шаќири се пофали со проекти за кои тврди дека ќе го подобрат образованието во Дебар

Објавено на

часот

Сподели

Како што напиша министерот Шаќири, во Дебар завршени се зафати во основното училиште (ОУ) „Пенестија”, изработена е фасада и изградени се санитарни јазли за ученици со посебни потреби. Во истото училиште започнува и реконструкција на спортската сала.

Тој додаде дека во тек се работите во подрачното училиште во најголемото дебарско село Могорче, кое функционира во рамките на ОУ „Ристе Ристески“ во селото Долно Косоврасти.

„Во тек е реконструкција на фасадата, санитарните јазли и пристапна рампа за деца со посебни потреби. Министерството за образование и наука обезбеди 44 милиони денари за овие активности. Се прават планови и за работа во ООУ „Саид Најдени“ во градот“, напиша Шаќири.

Во ОУ „Пенестија”, најголемо училиште во поширокиот дебарски регион,  настава на македонски и албански наставен јазик следат 970 ученици, додека во подрачното училиште во Могорче,  настава на македонски наставен јазик следат 220 основци. 
Во ОУ „Саит Најдени” настава се изведува само на албански наставен јазик и истата ја следат околу 500 ученици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ