четврток, 24 октомври 2024

Министерот Османи предлага вклучување на ОБСЕ за нормализација на состојбата во Косово

Објавено на

часот

Сподели

Како прв чекор, планот превидува Косово и Србија да ја реафирмираат посветеноста кон основниот договор и Охридскиот протокол. Второ, Косово да ги повлече специјалните полициски сили, а Србија да ја намали борбената готовност на вооружените сили. Трето, на полицијата на Косово, заедно со силите на КФОР и ЕУЛЕКС, да им се овозможи во целост да се грижат за редот и безбедноста на земјата.

„Четврто, протестите да се откажат и да се стават во функција општинските функции и услуги, за нормално функционирање на општествениот живот, и воедно да им се дозволи пристап на вработените во општините. Чекор пет, градоначалниците да поднесат оставки до летото оваа година, отворајќи го патот за предвремени општински избори.Чекор шест, предвремените општински избори да се одржат оваа година“, предлага министерот Османи.

Како седми чекор за нормализација на состојбата во северно Косово, Османи предлага ОБСЕ да го поддржи изборниот процес преку техничка поддршка на косовските власти кои ќе ги организираат изборите, со што би се зајакнала довербата меѓу заедниците.

Улогата на ОБСЕ се гледа и во осмиот и во деветтиот чекор. 

ОБСЕ ќе ги ангажира младите во програмите и процесите за помирување и како чекор девет, ОБСЕ ќе ги стави своите капацитети на располагање за поддршка на имплементацијата на договорените одредби и продолжување на дијалогот со добра волја од двете страни“, пишува во предлогот на Претседавачот со ОБСЕ, македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

Повеќе од 53 повредени лица беше билансот од немирите што се случија минатата недела на северот на Косово во судирите на граѓаните и Кфор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ