Одлуката денеска стапува на сила, а ќе се применува од понеделник.
Од министерството додаваат и дека се стигнати ДиТеПер вакцините за возрасни, граѓаните можат да се вакцинираат во вакциналните пунктови.
„Вакцините се безбедни и претставуваат најголемо достигнување на здравствениот систем. Апелираме до сите граѓани, особено до родителите на децата во предучилишна возраст, да ги вакцинираат своите деца, затоа што главен приоритет е нивната здравствена заштита. Вакциналните пунктови за имунизација работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имунизираат своите деца“, пишува во соопштението на Министерството.