петок, 1 ноември 2024

Министерот Наим Бајрами од СДС и ДУИ за 4 месеци во кафеани потрошил безмалку 4.000 евра

Власта на СДС и ДУИ се однесувале кон државната каса како кон бунар без дно, не само што се ограбувала државата преку тендери, туку и немилосрдно се трошело на кафански седенки, на јадење и пиење на нивните функционери, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Наим Бајрами

Објавено на

часот

Сподели

„Денес низ наједноставен пример, ќе ја доловиме сликата за ограбената држава од страна на СДС и ДУИ. И како тоа министрите во претходната власт гледале на државата. Пример за аздисано трошење е министерот Наим Бајрами, кој беше министер во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) од 1 февруари до 1 јуни 2024 година. За четири месеци колку што Наим Бајрами бил министер во МИОА на службената картичка успеал да направи долг од цели 231.729 денари. Бајрами потрошил за 4 месеци на кафеани, јадење и пиење преку службена картичка, колку што еден граѓанин со минимална плата заработува за цела година. Како СДС и ДУИ правдаат што нивен функционер за само 4 месеци на кафеани потрошил колку што еден граѓанин троши за една година, и тоа за живот и преживување? Со кое лице СДС и ДУИ и Наим Бајрами ќе ги погледнат граѓаните и како ќе им кажат дека за четири месеци еден човек потрошил во кафеани колку тие за живот на нивното семејство за една година“, истакна Петрушевски.

Во наредните неколку дена ќе кажеме детално како овој функционер ги трошел народните пари и како се однесувал додека народот мислел дека тој работи за државата, додаде Петрушевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ