сабота, 27 јули 2024
По задоцнетиот тендер

Министерот Меџити го моли производителот побрзо да ги испрати лентите и апаратите за дијабетичарите

Откако бил задоцнет тендерот, сега министерот за здравство Фатмир Меџити го моли произодителот побрзо да ги испрати лентите и апаратите за дијабетичарите, проблем за кој подолго време алармираат пациентите и нивните здруженија.

Објавено на

часот

Сподели

Mинистерот Меџити денеска изјави дека се прават напори за побзра набавка на ленти и апарти за дијабетичарите.

„Проблемот со дијабетичарите го знаете, доцнел тендерот. Компанијата има рок од три до шест месеци што уште не е поминат, но нашите напори беа максимални, ја замоливме и компанијата за разбирање за да може побрзо да ги донесе тие ленти и апарати“, рече Меџити, во одговор на новинарско прашање за проблемите на дијабетичарите.

Тој во неговата изјава при денешната посета на Клиниката за радиотерапија и онкологија потсети дека веќе се пристигнати 17 илјади ленти и апарати пред две недели и информираше дека тие веќе се распределени по инсулинските аптеки. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ