сабота, 27 јули 2024

Министерот Демири ќе достави предлог до ФЗОМ за проширување на позитивната листа на лекови

Министерот за здравство Илир Демири на претставници на Американската стопанска комора (АмЧам), на денешната средба им соопштил дека неделава ќе достави предлог до Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) за проширување на позитивната листа на лекови.

Објавено на

часот

Сподели

Тој со претставниците на АмЧам разговарал и за мерките и активностите кои во наредниот период ќе бидат имплементирани со цел унапредување на здравствената заштита во целата држава, информираат од Министерство за здравство.

На средбата било дискутирано за новините кои ќе се имплементираат за пофункционален здравствен систем за граѓаните.

„Ги запознав дека неделава ќе биде доставен предлог до Фондот за здравствено осигурување за проширување на позитивната листа. После 13 години овозможуваме поголема достапност на иновативни лекови и поефективна терапија за пациентите“, рекол Демири.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ