Тој со претставниците на АмЧам разговарал и за мерките и активностите кои во наредниот период ќе бидат имплементирани со цел унапредување на здравствената заштита во целата држава, информираат од Министерство за здравство.
На средбата било дискутирано за новините кои ќе се имплементираат за пофункционален здравствен систем за граѓаните.
„Ги запознав дека неделава ќе биде доставен предлог до Фондот за здравствено осигурување за проширување на позитивната листа. После 13 години овозможуваме поголема достапност на иновативни лекови и поефективна терапија за пациентите“, рекол Демири.