недела, 3 ноември 2024

Министерот Бесими пред ММФ ја фалеше политиката на власта: Презедовме мерки и инфлацијата се намали

Објавено на

часот

Сподели

„Неизвесноста и предизвиците од кризата се сѐ уште присутни во глобални рамки што се чувствуваат и кај нас. Нашата определба е да одговориме на тие предизвици на краток рок и да опстоиме на нашите среднорочни определба за фискална консолидација и забрзување на економскиот раст“, кажал Бесими.

Според  него, благодарени на преземените мерк за справување со ценовната криза покажуваат ефект со намалување на стапката на инфлацијата пет месеци последователно од 19,8 проценти лани во октомври, на 14,7 отсто минатиот месец.

Буџетскиот дефицит од почетокот на годинава е понизок за околу 16 проценти во однос на остварениот дефицит во тој период од 2022 година, јавниот долг е на ниво од 57,1 отсто, заклучно со декември 2022 година, државниот долг на крајот на февруари изнесува 44,9 отсто од БДП, вкупните приходи во буџетот од почетокот на годината бележат раст од околу 15 проценти, економската активност покажува отпорност и бележи раст, извозот бележи раст од 10,2  отсто во првите два месеца од 2023,стапката на невработеност се намали и е на историски најниско ниво од 14 проценти, потенцира, Бесими и нагласил дека здравите и одржливи политики биле препознаени од ММФ минатата година со одобрување на средства од Инструментот за ликвидност и претпазливост – ПЛЛ.

Во рамки на пролетните средби на ММФ и Светска банка Бесими. според најавата, ќе оствари средба и со новата потпретседателка  на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија, Антонела Басани и  извршниот директор на Светска банка, Кун Давидсe

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ