петок, 26 јули 2024

Министерката за култура: Универзална сала е осигурана, од наплатата ќе се санира штетата

Минисерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше на лице место по веста дека гори Универзалната сала. По ставањето под контрола на огнот во објектот, таа даде изјава за медиумите во која нагласи дека нема жртви во пожарот и истакна дека објектот кој се реконструираше е осигуран и дека од наплатата на осиругурувањето ќе продоклжи натамошната реконструкција.

Објавено на

часот

Сподели

„Многу сум вознемирана поради пожарот, затоа сум тука.. Повикувам на брзо постапување од страна на сите институции како и од фирмата која ја реконструира Универзална сала за да се дознае кои беа причините за пожарот.

Нема жртви ниту повредени лица, објектот беше празен. Направена е материјална штета, но најпрво ќе треба да се утврдат размерите на штетата пред да се отпочне со нова реконструкција. Униеверзална сала е осигурана и од осигурувањето ќе се наплатат средствата за да може да се санира штетата и повторно да се отпочне со реконструкцијата“, рече министерката.

На прашањата за материјалот со кој се реконструира салата и дали тој е опасен во случај на пожар, министерката рече дека нема такви информации и дека не сака да се шират претпоставки од различен тип во јавноста,

„Тука се присутни и инвеститорот и лица од надзорот, тие секако би можеле повеќе да кажат за тоа во каква состојба е челичната реконструкција, но и да можеме да кажеме која беше  причината за пожарот“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Минисерката најави нова изјава кога ќе добие повеќе информации за причините за пожарот, како и за причинетата штета и за состојбата на објектот по пожарот.

Таа нагласи и дека ќе информира за целиот четиригодишен процес на разговори со  околу преземањето на објектот за реконструкција од Град Скопје.

Како што е познато, реконструкцијата со одлука на Владата од Град Скопје ја презеде Министерството за култура, откако беше сооппштено дека градот нема пари за да го реконструира објектот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ