среда, 18 септември 2024

Министерката за финансии се пофали дека и таа учествувала во акцијата поврзана со затајување на даноци

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот официјален фејсбук профил доцна синоќа се пофали дека учествувала во големата полицика акција против даночно затајување, а во која МВР, Основното јавно обвинителство  и инспектори на Управата УЈП спроведоа голема акција во која беа извршени претреси по домови и фирми во Струмица, Гостивар и Скопје, а на распит се викнати бројни управители на фирми, адвокати и нотари. Димитриеска Кочоска не објасни која била нејзината улога во акцијата особено што станува збор за случај за кој се води предистрага и доказите собрани во оваа фаза од постапката се тајни, а секое откривање на поединечни информации претставува кривично дело.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да искажам огромна благодарност до Управата за јавни приходи и директорката Елена Петрова, а особено до колегите од Струмица и другите градови кои денес заедно со мене цел ден неуморно работеа во спроведување на акцијата во Струмица. Дел од нив директно со мене во Струмица, а дел и низ други градови на Македонија. Исто така, огромна благодарност до Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и Царинската управа кои беа огромна поддршка на колегите од УЈП. Денес покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ. Продолжуваме посветено и одговорно за доброто на сите!“, напиша доцна синоќа министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска не објасни која била нејзината улога во акцијата особено што станува збор за случај за кој се води предистрага и доказите собрани во оваа фаза од постапката се тајни, а секое откривање на поединечни информации претставува кривично дело.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ