„Денеска молкум им оддаваме почит на дванаесетте младинци од Ваташа што, пред 80 години на денешен ден, беа стрелани и масакрирани од тогашната бугарска окупаторска војска. И денес, и болката и спомените од овој грозоморен чин се сè поприсутни, како и пораката – никогаш да не се повтори!
Споменикот во Моклиште за брутално згаснатата младост во исто време и потсетува и опоменува дека и ние Македонците ја плативме високата цена на победата и преку НОВ го остваривме вековниот идеал за своја држава во која слободно го говориме мајчиниот, македонски јазик. За таа висока цел, ниту една жртва не е и не смее да биде залудна. Слава им“, стои во објавата на министерката.