„Се радувам кога можам да соработувам со младите. Темата е многу значајна, а тоа е менталното здравје кое треба да биде во фокус, бидејќи секоја нова генерација мора да добива модерни решенија затоа што и предизвиците се менуваат. Државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите преку училиштата, а имаме и посебни служби во секое училиште. До сега има шест пријави за врсничко насилство, но значајно е дека е многу важна соработката со министерствата и заеднички да изнаоѓаме решенија за младите. Во секое училиште имаме стручни служби со социјален работник, дефектолог.. Бирото за развој на образование секогаш испраќа препораки за одредени конкретни и општи случаи, а службите изготвуваат годишен план и се работи со децата. Кога ќе се појави проблем кој што е од поголеми размери тогаш се вклучуваат и другите институции, а во ретки случаи се вика и полиција и лекарска помош. Но секогаш прво работиме со учениците во училиштата“, изјави Јанеска.
Во врска со ангажирањето на образовните асистенти за децата со попреченост, министерката вели дека тие одамна се почнати со работа.
„Веќе одамна започнаа со работа образовните асистенти и децата со попреченост се во училишните клупи. Училиштата се должни на 1 септември да ги примат сите ученици, и сите деца се ученици. Не е прв пат да има поединечни проблеми и во новиот Закон имаме решенија кој ќе ги решат овие проблеми“, додава министерката Јаневска.