среда, 19 март 2025

Сијарто: Бевме Трамп пред Трамп

Унгарската влада „беше Трамп пред (американскиот претседател) Доналд Трамп“, бидејќи долго време ги отфрлa миграциите, родовата пропаганда и војната во Украина, поради што трпи напади во Европа, изјави денеска министерот за надворешни работи и трговија во Њу Делхи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Петер Сијарто на панелот на меѓународниот форум Раисина Дијалог 2025 рече дека „конзистентниот и долгорочен“ пристап на владата кон овие прашања довел до политички и финансиски напади.

„Ние сме попопуларни надвор од Европа отколку во неа“, рече тој, според соопштението на министерството. „Либералниот мејнстрим не може да свари дека успешно спроведуваме конзервативна, патриотска и десничарска стратегија“.

Пристапот на Унгарија кон војната во Украина е конзистентен веќе три години, рече Сијарто, истакнувајќи дека веднаш по почетокот на инвазијата, тој разговарал со завојуваните страни за да ја понуди Будимпешта како место за мировни преговори.

„Останува да се надевам дека тие ќе ја прифатат понудата и ќе одржат мировни преговори“, рече тој.

Унгарија е единствената членка на НАТО која не испрати оружје во Украина, туку ја започна „најголемата хуманитарна операција во својата историја“. Унгарија во меѓувреме стана главен извор на електрична енергија за Украина, а од февруари тоа е случај и со природниот гас, рече министерот.

Тој се пожали дека и покрај овие напори, владата „е под финансиски и политички напади“ затоа што повикува на прекин на огнот и мировни преговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ