сабота, 26 октомври 2024

Mинирање крај патот Куманово – Крива Паланка, внимателно да се вози

Компанијата Гулермак, Анкара – подружница во Скопје со Мактек ДООЕЛ информира дека во рамки на работите на железничкиот Коридор 8,. денеска, во близина на магистралниот пат А2 што ги поврзува општините Куманово и Крива Паланка, ќе се реализира минирање во два термини, напладне и вечерва во 22 часот.

Фото: Гулермак

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за работи на втората делница, Бељаковце – Крива Паланка, како дел од градежните работи од проектот за рехабилитација на железничкиот Коридор 8.

„Подготовката за првото минирање отпочна во 10 часот, а минирањето ќе изврши во 12 часот, додека второто минирање е предвидено за во 22 часот вечерва. Блокирање на сообраќајот нема да има заради безбедното растојание на кое ќе се врши минирањето. Им препорачуваме на локалните жители и транспортните возила на локалните компании во наведениот термин да бидат внимателни доколку поминуваат на овој дел од магистралниот пат“, информираат од Гулермак.

Инаку, на потегот на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка кај клучката кај село Страцин, месност викана Чатал, во тек се и градежни активности од проектот за изградба на експресниот пат Ранковце -Крива Паланка, а на горенаведената точка од патот се врши наизменично пропуштање на возила, без застој во сообраќајот. Регулирање на сообраќајот се врши со соодветно поставена светлосна сигнализација.и

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ