петок, 25 октомври 2024

Мини морис со 205 км на час „влета“ во полицискиот радар

За време на радарските контроли сообраќајната полиција регистрира возило кое се движело со 205 километри на час. Фотографијата направена од екранот на радарот е споделена со медиумите. Како што може да се види, станува збор за автомобил марка мини морис кој претркува по третата лента од автопатот и ја надминува дозволената брзина на автопатот за над 70 километри на час.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера за време на контролите казни за брзо возење им се изречени на  815 возачи. Од нив 52 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 397 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 418 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ