сабота, 27 јули 2024

Минхен предупредува на опасна вирусна болест што ја шират крлежи

Градот Минхен ја извести јавноста за ризикот од крлежен енцефалитис (ТБЕ), вирусна болест што се пренесува преку крлежи. Како што соопштија од Градскиот завод за здравје, крлежите сега се активни речиси цела година, а не само во пролет и лето, а нивните убоди може да доведат до инфекции, особено кога зимата е блага.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Институтот Роберт Кох, Минхен е една од 178-те урбани и рурални области во Германија што се сметаат за области со висок ризик за крлежен менингоенцефалитис (КМЕ). Здравствената службеничка Беатрис Цурек итно препорачува вакцинација против опасната болест, пишуваат германските медиуми.

„Каснувањето од крлеж може да доведе до воспаление на мозочните мембрани и ‘рбетниот мозок, што резултира со парализа, а во поединечни случаи може да биде и смртоносно“, вели Беатрис Цурек во предупредувањето.

Цурек вели дека предупредувањето е особено наменето за луѓето што поминуваат многу време надвор. „Вакцинирајте се против КМЕ или освежете ја својата вакцинална заштита“, апелираше здравствената работничка.

Постои ефикасна вакцина што добро се поднесува и се состои од три дози. Според експертите, оваа сезона може да има особено голем број крлежи, поради што не е исклучена зараза кај населението.

Одделот за здравство нуди совети за заштита. „Вакцинирајте се себеси и своите деца против КМЕ сега и заштитете се себеси и вашите најблиски од опасната инфекција со КМЕ болести.“

Крлежите порадо демнат во топли, влажни средини како што се шуми, ливади, паркови и градини. Важно е по престојот во такви области темелно да проверите дали на вашата кожа или облека има крлежи – без оглед дали сте вакцинирани против крлежен менингоенцефалитис.

Примената на средство за заштита од инсекти исто така може да помогне во спречувањето зараза од крлежи, пишуваат германските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ