петок, 27 декември 2024

Минчев: Време е за развој на Македонија, а не за политички манипулации

Вие, кои се декларирате како борци за правата на етничките заедници, на седница на Влада во јули 2023 година, каде министри од ДУИ активно учествуваа, усвоивте стратегија што го става начелото на стручност, компетентност и родова еднаквост како примарни критериуми за вработување и унапредување во јавниот сектор и истовремено констатиравте злоупотреба на дигиталната алатка „балансер”, одговори министерот за јавна администрација Горан Минчев одговарајќи на прашањата и обвинувањата на пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети.

Објавено на

часот

Сподели

Минчев се повика на начелата на транспарентност, конструктивност и посветеност на реформи во јавната администрација и изрази загриженост за, како што го нарече, лицемерието на дел од политичките актери, посочувајќи на контрадикторните ставови на ДУИ во однос на стратегијата за реформи во јавната администрација.

Министерот појасни дека одлуката за укинување на алатката „балансер“ е донесена од Уставниот суд, а Министерството за јавна администрација нема мандат да коментира или оспорува такви одлуки.

„ДУИ, наместо да дискутира за суштински теми и развојни политики, одлучи да ја драматизира ситуацијата со обвинувања за наводно одземање на етничките права. Правичната застапеност е уставна категорија и ќе остане таква. Новото законско решение што Владата ќе го предложи, ќе биде изработено од експерти и ќе опстои на долгорочна основа“, рече Минчев.

Тој додаде дека, според податоците, процентот на етнички вработувања бил поголем во периодот пред воведувањето на балансерот (2001–2015) отколку во периодот кога тој се применувал (2015–2024), нагласувајќи дека злоупотребите на алатката довеле до загриженост и критики, нотирани и во извештаите на Европската комисија.

„Време е да се фокусираме на суштински прашања за развојот на Македонија. Новото законско решение ќе биде квалитетно, долгорочно и поддржано од Венецијанската комисија. Само со таков пристап можеме да изградиме стабилна и правична јавна администрација“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ