Во градските подрачја умреле 14.354 лица или 63.9 %, а 8.105 или 36.1 % умреле во селските подрачја.
Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица по региони има Скопскиот со 31.0 %, а најмало Североисточниот регион со 7.7 %.
Во градските подрачја умреле 34 доенчиња, додека во селските подрачја 24.
Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -3.488 лица, a во селските подрачја -898 лица.
Од вкупниот број склучени бракови, 6.975 или 51.1 % се во градските подрачја, а 5.907 или 45.9 % во селските подрачја.
Во градските подрачја имало 1.005 разводи, односно 62.3 %, додека во селските подрачја 608 односно 37.7 % од вкупниот број разводи.
Податоците за внатрешните миграции, покажуваат дека најголемо учество од 37.9 % имаат преселбите од село во град, наспроти меѓуградските преселби со 9.4 %.
Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот регион со 49.0 %, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54.4 %.
Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1.450 лица, а најмало во Југозападниот регион, односно -172 лица.