сабота, 27 јули 2024

МИМ го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2023“

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2023“. На конкурсот, кој ќе биде отворен до 26 февруари 2024,  може да се пријават сите новинари и фоторепортери кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив.

Објавено на

часот

Сподели

Ќе бидат доделени награди за најдобра истражувачка сторија прва, втора и трета награда, најиновативен новинарски производ (една награда) и најдобра репортерска фотографија (една награда).

Пријавените материјали треба да бидат објавени во текот на 2023 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински агенции што се регистрирани и работат во државата.

Еден автор или група автори може да аплицираат со најмногу три различни теми во првите две категории, а секоја тема може да вклучува повеќе поврзани текстови/прилози.

Секој фоторепортер може да учествува со најмногу три фотографии, кои биле објавени во весник, на интернет-портал или новинска агенција. На конкурсот се прифатливи и фотографии објавени во странски медиуми, но тие треба да се однесуваат на теми и на настани со новинарска тежина/значење што ја одбележале претходната (2023) година во Северна Македонија.

Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на МИМ: https://mim.org.mk/mk/novosti/1495-novinarski-nagradi-nikola-mladenov-2023

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ