Милошоски во изјава за МКД.мк вели дека и во 2004, германскиот Бундестаг донесе резолуција со која се бараше користење на уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација со Германија.
„Резолуцијата беше многу добра и со истата се бараше почитување на уставното име како еден од националните симболи на секоја суверена држава. Но, резолуцијата не беше обврзувачка за владата на официјален Берлин и нејзината примена никогаш не се случи“, рече Милошоски.
Валтер Колбо, поранешен германски парламентарец и прв човек на германско-македонското друштво, во 2011 година изјави дека за Европа спорот за името е несфатлив. Тој тогаш ја спомена и Резолуцијата на Бундестагот од 2004 година за користење на уставното име на Македонија, која не стана обврзувачка за германската влада.
Денеска е најавено дека германскиот Бундестаг в четврток ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет.
А.Д.