сабота, 27 јули 2024

Mилошоски: Сиљановска-Давкова по трет пат правно ги победи Академијата за судии и Министерството за правда

Уште еден пораз за најслабиот двоец во ресорот правда, министерот Лога и заменичката Мадиќ, за омилената директорка на СДСМ Габер Дамјановска и Џелал Бајрами, извршителот на ДУИ во јавното обвинителство. Истовремено ова е добра вест за сите квалитетни правници. Ова е победа на правото и заштита на изборниот законик од политичкиот инженеринг на овие четворица владини функционери, кои ќе мора да ја повторат римската правна лекција “Dura lex sed lex”, напиша Антонио Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук-профил.

Објавено на

часот

Сподели

„Вишиот управен суд вчера ја отфрли како неоснована жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители и ја потврди одлуката на Антикорупциската комисија со која беше уважен приговорот на проф.Сиљановска Давкова за прекршување на изборниот законик од страна на Академијата за судии. Одлуката е конечна и извршна.
Постапката за полагање испити во Академијата и засновање на работен однос на 130 слушатели за судии и обвинители се запира заради прекршување на изборниот законик од функционерите на оваа институција“, напиша Милошоски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ