понеделник, 20 јануари 2025

Милошоски: Присуството на Мицкоски на инаугурацијата на Трамп – солидна основа за продлабочување на македонско-американските односи

Потпретседателот на македонското Собрание и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, во своја објава на Фејсбук истакнува дека присуството на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон, (САД) на денешната инаугурација на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, во голема мера ги зајакнува партнерството и меѓусебната доверба меѓу Македонија и САД.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес за време на инаугурација на 47-от претседател на САД за првпат премиер на владата на Македонија е поканет и ќе присуствува на овој настан во Вашингтон, кој е главна тема на меѓународната политичка сцена. Ова е исклучително добра вест за нашата држава и успех за македонската дипломатија.

Склученото стратешко партнерство од 2008-ма година, во комбинација со личните познанства меѓу премиерот Мицкоски и неколку членови на владата, со дел од блиските соработници на претседателот Трамп, претставува солидна основа за продлабочување на македонско-американските односи, особено во областа на економијата, безбедноста, енергетиката и подобро усогласување на дипломатските активности во области од заеднички интерес.

Во овој динамичен свет кој многу брзо се менува, добро е што преку премиерот, Македонија е присутна во Вашингтон и го зајакнува партнерство и довербата со САД, земјата која има најголем потенцијал во обликувањето на меѓународната политика“, оценува Милошоски во својата објава на социјалните мрежи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ