понеделник, 28 октомври 2024

Милошоски: Патетично е писмото на Ахмети, очаен обид за да се привлече внимание

ДУИ тешко се справува во опозиција и нејзиниот претседател Али Ахмети, очигледно, во обидот да привлече внимание кај актуелната влада и кај меѓународната заедница манипулативно отвара теми кои не соодвестуваат со реалноста, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во гостувањето на Сител.

Објавено на

часот

Сподели

Во врска со писмото кое денеска Ахмети го испрати до премиерот Христијан Мицкоски, Милошоски вели дека самиот се побива, бидејќи тој лично пред неколку години потврди дека Охридскиот договор е завршена работа и партијата ја ребрендираше во зелена.

„Прво, самиот Али Ахмети се побива себеси со ова напишано писмо, бидејќи тој лично како претседател на ДУИ во 2021 година тука во Скопје промовираше на роденденот на ДУИ дека Охридскиот договор е завршена работа, националните теми се затворени и затоа ДУИ се трансформира во зелена партија, со агенда за животната средина. И сега одеднаш, кога падна ДУИ во опозиција, ја нема животната средина, ја нема зелената агенда, не е приоритет, сега повторно се оди на етнизирање на одредени теми, како балансерот или слични други алатки, кои ДУИ кога била на власт се согласила да бидат избришани. И затоа сметам дека ваквото негово писмо е патетично и е еден очаен обид за да се привлече внимание врз себе како одреден фактор од кој што зависи стабилноста или нестабилноста на државата. Тие времиња поминаа и најдобро е ДУИ да си посвети внимание на сопствените внатрепартиски реформи“, рече Милошоски.

Тој додаде дека Ахмети има обврска да си ја реформира неговата партија од високата корупција.

Ахмети му испрати официјално писмо и на Мицкоски, во кое вели дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку се опасни и штетни за напредокот и одржливоста на општеството.

Премиерот Мицкоски денеска рече дека писмото не го добил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ