Потпретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски, на денешното заседание на Националниот совет за евроинтеграции даде духовита препорака како соломонско решение за ситуација, кога мора да се избере страна“.
„Ако се постави прашањето ‘за кого си’ – дали за Америка, или дали си за Европа, најдобро е да се одговори – јас сум за Доналд, без да се каже презимето. Бидејќи Доналд е претседател на Америка, а Доналд е и премиерот на Полска“, кажа Милошоски во своето излагање во Собранието .