сабота, 27 јули 2024

Mилошоски: Бујар Османи ја криел одлуката на 25 ЕУ земји за слободно движење со пасошите Република Македонија

Италија уште на 23 февруари ја известила својата гранична полиција дека по препорака на Европската комисија 25 членки на ЕУ донеле одлука да се дозволи слободно движење со валидни пасоши со Република Македонија до крајот на септември 2024 година, пишува на својот фејсбук-профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и го објавува документот на Италија на својот фејсбук-профил.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа одлука не ја прифатиле само две земји членки, и тоа Грција (со официјален допис доставен до Комисијата) и Франција (неофицијален известување до ЕК), пишува Милошоски.

„МВР на Италија во дописот напоменува дека одлуката е донесена заради заштита на правото на слободата на движењето, а за периодот после крајот на септември граничната полиција дополнително ќе добие инструкции како да постапува.

Во истиот овој период многу некоректна беше постапката на министерот Османи кој ја криеше оваа информација за одлуката на 25 членки на ЕУ, која и тогаш и денес е многу важна за слободното движење на стотици илјади македонски државјани кои престојуваат во ЕУ.

Врв на оваа негрижа кон македонските државјани беше тоа што на 6 февруари амбасадорот Весел Мемеди (Рим) направи скандал со доставување на официјална дипломатска нота до италијанските власти во која патните исправи на кои пишува „Република Македонија“ ги прогласи за неважечки. За жал, изгледа дека 25 држави членки на ЕУ имаат поголемо разбирање за слободата на движењето на македонските државјани со важечки пасоши Република Македонија, отколку што за тоа се грижат амбасадорот Мемеди и министерот Османи, кои се платени за да ги штитат интересите на македонските државјани“, пишува Милошоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ