Ѓукановиќ на својот профил на социјалната мрежа Икс наведе дека „додека шефовите на Министерството за внатрешни работи и управата на полицијата држеа лоши прес-конференции, убиецот практично зад нивниот грб го продолжувал својот крвав поход“.
Тој истакна и дека, како многу други, информациите за тоа што се случувало на Цетиње ги добивал од регионалните медиуми.
„Искрено сочувствувам со семејствата на жртвите на злосторството кое синоќа се случи на Цетиње и упатувам изрази на најдлабоко сочувство. Ја делам болката со граѓаните на престолнината и сите луѓе со добра волја во Црна Гора. Ова е огромна трагедија, откако раните од таа пред неполни две и пол години на Цетиње уште не се зараснати. Премногу дури и за многу поголеми градови и земји, а не пак за Цетиње и Црна Гора.
Настанот кој на застрашувачки начин, за жал, уште еднаш потврдува дека црногорското општество се наоѓа во услови на длабока криза и загрозена безбедност на секој граѓанин, секое дете.
Додека лидерите на МВР и управата на полицијата држеа несмасни прес-конференции, убиецот практично зад нивниот грб го продолжувал својот крвав поход, додека ние од регионалните медиуми дознававме што се случувало и случува на Цетиње“, порача Ѓукановиќ.