сабота, 27 јули 2024

Милко Ѓуровски вторпат му се нуди на Партизан

Објавено на

часот

Сподели

Ѓуровски, кој го потресе Белград во 80-те години со трансферот од Црвена звезда во Партизан, повторно е тема во Србија, сега како можен тренер на местото на Александар Станоевиќ, иако според сите најави, шансите за да ги преземе црно-белите се многу мали.

„На оваа тема разговарав и пред година и пол, а некои разговори постојат и сега. Јас сум расположен да го преземам Партизан“, рече Ѓуровски, чиј менаџер е Виктор Треневски, исто така бивш македонски репрезентативец и играч на белграѓани.

Милко не може да се пофали со којзнае какви резултати како тренер, а особено му се паметат срамните 10 меча без победа со Вардар во моменти кога црвено-црните имаа мошне респектабилен тим, можеби еден од подобрите во оваа деценија исполнета најмногу со проблеми.

Евентуалното доаѓање на Ѓуровски може да го искомпликуваат и навивачите на Партизан, откако контроверзниот Милко неодамна изјави дека без оглед на сѐ во младоста, останува верен навивач на лутиот ривал Ц. звезда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ