сабота, 21 декември 2024

Милиони гладуваат во Судан, умираат поради недостиг од лекови

Објавено на

часот

Сподели

„Времето на земјоделците да засадат култури што ќе ги хранат нив и нивните соседи истекува. Медицинските материјали се дефицитарни. Ситуацијата излегува од контрола“, се вели во заедничкото соопштение на агенциите на ОН.

Судирите меѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) избија на 15 април поради тензиите околу планираната транзиција кон цивилно владеење, а во конфликтот беа раселени повеќе од четири милиони луѓе, вклучително и речиси еден милион што побегнаа во соседните земји.

ОН проценуваат дека повеќе од 4.000 луѓе биле убиени, а посмртните останки на многумина не се собрани, идентификувани или закопани. Агенцијата проценува дека пријавите за сексуални напади се зголемени за 50 отсто, а зголемен е и бројот на грабежите, прекините на струја и на вода.

Сезонските дождови, кои го зголемуваат ризикот од болести што се пренесуваат преку вода, ги уништија или ги оштетија домовите на до 13.500 луѓе, проценуваат ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ