сабота, 27 јули 2024

Милион евра за полицаецот кој го уби тинејџерот во Франција

Објавено на

часот

Сподели

Кампањата на популарната американска платформа Гоуфандми ја почна припадник на француската екстремна десница и вчера ја надмина сумата од милион евра – речиси пет пати повеќе од кампањата за помош на мајката на убиениот 17-годишник.

Француските министри кои вчера гостуваа во медиумите се обидуваа да го избегнат изјаснувањето на таа тема.

„Секој може да изрази став и да даде донација. Но јас мислам дека во овој случај тоа не оди во насока на смирување на ситуацијата“, кажа министерот за правда Ерик Дупонд Морети.

Убиството на 17-годишникот од северноафриканско потекло од страна на полицаецот минатата недела предизвика хаос во Франција, а низ земјата избија насилни демонстрации и поттикнаа тензии меѓу младината и полицијата, која ја обвинуваат за бруталност и расна дискриминација. Во изминатите денови демонстрантите ограбуваат продавници, палат градски објекти и во еден случај нападнаа куќа на градоначалник и неговото семејство.

Кампањата за собирање на средствата за помош на семејството на полицаецот ја почна Жан Месиха, екстремно десничарска медиумска личност и поддржувач на поранешниот претседателски кандидат Ерик Земур. „Поддршката е за семејството на полицаецот од Нантер, Флоријан М., кој си ја работел својата работа и сега за тоа плаќа висока цена“, се наведува на страницата.

Според весникот Либерасион, Месиха прво се обидел да почне кампања на една француска платформа, но сите негови напори биле блокирани бидејќи таа компанија барала официјална документација. Платформата Гоуфандми засега не планира да ја блокира или избрише страницата со објаснување дека кампањата не ги крши нивните правила.

Во рамки на кампањата на платформата Личи за помош на мајката на убиеното момче се собрани речиси 200.000 евра, истакнува Политико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ