вторник, 28 мај 2024
Куп на Италија

Милик влезе, со првиот допир постигна гол и го однесе Јувентус во финале (ВИДЕО)

Лацио славеше против Јувентус со 2-1 но не успеа да ја надополни негативата од првиот натпревар, Милик е херојот на гостите откако влезе во завршницата и со својот прв допир постигна гол вреден финале.

Објавено на

часот

Сподели

„Старата дама“ ќе се бори за титула во Купот на Италија откако вечерва го преживеа гостувањето во Рим.

Лацио одлично го отвори натпреварот, Кастељанос по еден корнер го матираше Перин за 1-0.

Истиот фудбалер одлично се снајде во 49. минута и ја затресе мрежата за 2-0 и голема радост на „Олимпико“.

Сепак, Милик ја замолка публиката во 83. минута, напаѓачот влезе во игра и со својот прв допир погоди за 2-1, гол кој беше вреден финале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ