сабота, 19 октомври 2024

Милевски утре ќе го објави списокот за дуелите со Украина и Ерменија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски утре ќе ги соопшти имињата на фудбалерите на кои ќе смета за мечевите против Украина и Ерменија.
 

Објавено на

часот

Сподели

На 14. октомври Македонија игра квалификациски меч против Украина, дуелот се игра во Прага. Три дена подоцна ќе одиграме пријателски натпревар со селекцијата на Ерменија.

Милевски утре ќе го објави списокот на фудбалери за овие два натпревари и ќе одржи прес-конференција.

Утре список ќе објави и селекторот на Македонија У21, Драган Канатларовски. Македонските надежи на 14. овој месец гостуваат кај Молдавија во квалификациски натпревар за ЕП 2025.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ