сабота, 27 јули 2024

Милевски: Шанса ќе добијат сите, целта ни е првото место во групата

Објавено на

часот

Сподели

Македонија со меч против Бугарија на 2 јуни во Разград, ја почнува новата сезона од Лигата на нации. Милевски вели дека целта ни е првото место, а тоа води во бараж за Евро 2024 во Германија и плсман во Б дивизијата.
 
„Целта е да се освои првото место во септември кога ќе заврши циклусот. Нас нѐ чекаат шест тешки мечеви, не е само еден и за да се оствари целта, потребно е да се одиграат шест добри мечеви. Немаме императив за резултати, зашто императив во оваа селекција е секој да даде сѐ од себе за Македонија. Императив за секој од нас, почнувајќи од мене е да го дадеме максимумот на секој меч, а на крајот ќе видиме колку сето тоа е доволно“, вели Милевски.
 
„Носител во групата е Бугарија, зашто не секогаш ранкингот е мерило за вистинската вредност. Неколкупати тоа го докажувавме дека ранкингот не значи ништо. Ние сме во група со квалитетни селекции, сите сме со изедначен квалитет и јас не би го запоставил ни Гибралтар, иако многумина го гледаат како тотален аутсајдер. Со самиот пласман во оваа дивизија покажаа дека имаат одреден квалитет и заслужено се тука“.
 
За кратко време Македонија треба да одигра четири меча, па шанса ќе добијат сите повикани во селекцијата.
 
„Нѐ чекаат мечеви со израмнети противници и сега ни е шанса да го видиме сиот потенцијал со кој располагаме, а ќе ја искористиме можноста на сите да им дадеме шанса. Да видиме со што располагаме, зашто таргетот се евроквалификациите за Еуро 2024. Не може да бараме врвна форма, кога дел од фудбалерите завршија пред десет дена, дел сѐ уште играат, дел штотуку завршија. Алиоски и Трајковски имаат мечеви до 29 мај, Етеми игра плејоф за пласман во турската Суперлига… Ќе правиме ротации, а ваквите мечеви со израмнет квалутет се шанса да го видиме сиот наш потенцијал. На крајот јас ќе бидам задоволен ако го видам потенцијалот и ако сите избрани ја оправдаат довербата, со што ќе ни дадат сигнал дека и во иднина може да сметаме на нив“.
 
„Ние ја имаме базата формирана во 2015, сега само освежуваме со млади фудбалери во составот. Јас никогаш не сум правел класично подмладување, целта е Македонија да не биде конкурентна само во еден циклус, што значи интенцијата ни е да гледаме и после 2024 година Македонија да остане конкурентна како што е сега во Европа. Веќе покажавме дека сме конкурентни во Европа, ама треба да продолжиме“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ