сабота, 21 декември 2024

Милевски самоуверено од Рига: Македонија ќе се прашува за првото место во групата

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски вели дека има почит кон Летонија, но целиот фокус е на нашата игра и како ние ќе изгледаме на теренот.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвено-жолтите“ го продолжуваат настапот во Лигата на нации, утре гостуваат во Рига и целта е нови три бода и задржување на првата позиција на табелата.

„Имаме почит кон Летонија, но целиот фокус е на нашата игра и тоа како ќе изгледаме ние на терен. Потенцирам дека Македонија ќе се прашува за првото место во групата“ – порача селекторот Благоја Милевски на средбата со новинарите.

За проблемите во пресрет на натпреварот, тој вели: „Ќе ни недостасуваат Зајков и Серафимов, кои имаат картони, како и Чурлинов и Трајковски, кои се повредени. Размислуваме за повеќе опции за стартниот тим и пред почетокот ќе одлучам со кои играчи ќе настапиме“.

„Сепак, сите кои се во комбинација за настап ќе одговорат на предизвикот и на тоа што се очекува од нив“.

Натпреварот помеѓу Летонија и Македонија се игра утре со почеток во 18 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ