Милевски извади комбиниран состав, шанса добија повеќе играчи кои обично се на клупата за резерви. Селекторот има само пофалби за нив.
„Задоволен сум и среќен за момците кои го почнаа натпреварот. Осум нови играчи од дуелот со Украина и двајца дебитанти. Презадоволен сум од тоа што го покажаа на теренот и со право ќе бидат тука и во иднина. Ова е најдоброто од Македонија. Ова се момците кои ги имаме и мислам дека секој следен натпревар покажуваат сè поголем квалитет“, кажа Милевски.