сабота, 27 јули 2024

Милевски: Не сакам да ги коментирам судиите, тоа не е моја работа

Македонија загуби на гостувањето кај Чешка со 2-1 во пријателски натпревар, Чесите двата голови ги дадоа од пенали.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот пенал беше непостоечки, вториот беше сомнителен, но и покрај тоа селекторот Благоја Милевски не сакаше да го коментира судењето. Тој истакна задоволство од играта на неговите избраници.

„Честитки за моите момци, посебно за одиграното во второто полувреме. Имавме некои корекции кои ги направивме на паузата по полувремето во кое не функциониравме како што треба. Жалам што не почнавме да играме малку порано на таков начин, ни недостига самодовербата со топката. Кога ќе сумираме сѐ, секоја чест за одиграното, честитки до Чешка и ѝ посакувам успех на ЕП“, вели Милевски.

„Кажав и пред натпреварот дека нѐ очекува многу различен ривал од нашиот претходен. Играта на Чешка се базира на трчање и на сила, на тоа требаше да одговориме. Во поголемиот дел од мечот сум задоволен како одговоривме на тоа, но кога имавме посед, требаше да бидеме малку похрабри“.

„Немам коментар за пеналите, тоа е работа на ВАР собата и судиите. Не би сакал да ги коментирам пеналите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ