сабота, 19 октомври 2024
„Црвено-жолтите“ ќа атакуваат на три бода

Милевски: На секој меч одиме на победа, така ќе биде и против Украина

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски одржа прес-конференција пред натпреварите против Украина и Ерменија.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската фудбалска репрезентација на 14. октомври игра квалификациски меч против Украина во Прага, а три дена подоцна во Струмица ја пречекуваме селекцијата на Ерменија.

„Играчите се тие што претежно беа и на претходните собири. Тука е и Чурлинов кој играше за Барнли У23. Сите останати се истите од претходниот собир“, вели Милевски за објавениот список.

„Што се однесува до мечот со Украина, само победа и на двете репрезентации е опција за да ги задржат шансите, нерешениот резултат не одговара и на двете екипи со оглед на фактот што до крајот ќе останат уште два натпревари. Очекувам отворен натпревар од двете страни“.

„Ги анализиравме тие завршни десетина минути од претходниот натпревар, воочени се доста аномалии, но и позитивни работи. Во функција на тоа како ќе изгледаме на овој натпревар е списокот за овој натпревар, но треба и да поправиме некои работи кои се надевам дека успешно ќе ги направиме“.

„На секој собир на некои линии имаме проблеми. Жал ми е што Зајков нема да биде со нас, но од друга страна ме радува фактот што се чувствува одлично, го очекуваме што побрзо да оздрави и да ни се приклучи во тимот“.

„На секој натпревар очекуваме да победиме и се правиме во функција на тоа. Без разлика дали е Украина, Малта или Италија. На секој меч одиме на победа, но се разбира, на тоа оди и противникот“.

„Атмосферата е подобра по два одиграни одлични натпревари, мислам дека момците и пред почетокот на тие мечеви донесоа позитивна енергија со себе, наше е да го продолжиме тоа и на наредните натпревари“.

„Моја одлука е да не го повикам Дориан Бабунски, имав разговор со него и со сите останати. Перформансот на Бабунски беше различен во клубот и тука. Дориан во моментов не ми требаше како опција. Тоа не значи дека на наредниот меч нема да биде повикан“.

„Ние сме лимитирани со бројот на фудбалери кои се на ниво на овие квалификации. Најважно ми е кога ќе дојдат фудбалерите на собир да ги видам дека се спремни физички и ментално да се стават во функции. Реков дека важна ќе биде минутажата од клубовите, па на некоја позиција ако имаме повеќе избор ќе можеме да бираме, но ако немаме конкуренција на некоја позиција, мора да играат и фудбалери кои немаат минутажа“.

„Дали сме во криза кога е изборот на фудбалери во прашање? Не, не сме во криза, реалноста е таа, јас би сакал да имаме избор од 50 фудбалери на врвно ниво, но тоа е што е“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ